Повик за учество на обука за Структурен дијалог и подготовка на Позициски документи
Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Оспособување на младинските и граѓанските организации за примена на методот на структурен дијалог“, со поддршка на општина Гази Баба.
Основна цел на овој проект е да се зајакнат на капацитетите на младинските и граѓанските организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба кон подобрување на благосостојбата на младите во согласност со европските трендови и практики. Со проектот ќе се придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на граѓаните во Република Македонија.
Преку стратешки процес ќе бидат зајакнати капацитетите на младинските и граѓанските организации на подрачјето на општина Гази Баба за структурен дијалог и подготовка на позициски документи.
За таа цел Коалиција СЕГА објавува повик за учество на обука за Структурен дијалог и подготовка на Позициски документи, која ќе се реализира во периодот од 5-7 октомври 2018, во хотел Амбиент, Струга.
Повикот е отворен за граѓански и младински организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба со цел да номинираат по двајца претставници од нивните организации за учество на обуката за Структурен дијалог.
Заинтересираните може да аплицираат со пополнување на оваа апликација.
Краен рок за доставување на апликациите е 28 септември 2018.
ПОДАТОЦИ ЗА АПЛИКАНТОТ
Име *
Презиме *
Телефон *
Е-маил *
ПОДАТОЦИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Име на организација *
Опис на организација (мисија, целни групи...) *
Контакт телефон на организацијата *
Контакт е-маил на организацијата *
Доколку имате, наведете кратко за вашето искуство поврзано со реализација на активности со примена на методот на структурен дијалог?
Мотивација на апликантот за учество на обуката за структурен дијалог и подготовка на позициски документ? *
Твои очекувања: Како очекуваш да ги примениш стекнатите знаења од оваа обука во твојата работа? *
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of Коалиција СЕГА. - Terms of Service - Additional Terms