GlobalAzure Day 2025 е настан кој се организира глобално, а се одржува локално на 7 континетити, во преку 80 држави со над 600 предавачи. Настанот е најголемиот community настан поддржан од Microsoft. Во организација на Macedonian .NET Community ќе се одржи повторно во Скопје и оваа година.
На 10.5.2025 година во просториите на Innox Innovation Center во Скопје од 9:30 часот до 14:30 часот ќе имате можност да слушнете 7 предавачи:
https://glazuremk.github.io/public-website/
Настанот ќе биде од хуманитарен карактер.
Секој од посетитетлите може да оствари симболична донација од 630 денари за 63 прерано згаснати животи од трагедијата во Кочани.
Сите собрани средства ќе бидат донирани за семејствата на засегнатите од трагедијата во Кочани.
Ве молиме направете донација на следниот линк:
Со тоа го потврдувате вашето присуство на настанот. Ви благодариме однапред.