Видео работилница за млади во Велес
Програмата Младински Активизам на Младински образовен форум организира видео работилница за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 10-ти до 12-ти мај 2019 во Велес.
На работилницата ќе се зборува за медиумска писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе служи за теоретска поткрепа на учесниците и изучување на изработка на видеа, вештини кои ќе се употребат и во текот на самата работилница. Право на учество имаат млади од Велес кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за околината каде тие живеат.

Што?
За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални проблеми и недостатоци и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео.

Каде?

Работилницата ќе се одржи во просториите на Домот на невладини организации, Велес.

Кога?

Од 10-ти до 12-ти мај. Работилницата започнува во петок во попладневните часови и завршува во недела попладне.

Кој може да аплицира?

Сите млади од Велес од 15 до 29 години. Претходно познавање и искуство не е потребно.

Како се аплицира?

Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 09.05.2019 (четврток).

Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на целата работилница. Работен јазик е македонски.
Повеќе информации за повикот на fari_hiseni@mof.org.mk, 071 396 612

Име и презиме *
Your answer
Возраст *
Your answer
Мејл адреса *
Your answer
Телефонски број *
Your answer
Што ве мотивира да се пријавите на оваа работилница (максимум 200 зборови)? *
Your answer
Дали имате искуство во снимање и монтирање на видеа? *
Your answer
Дали можете да присуствувате на целата работилница? *
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse - Terms of Service