EESTEC Academy се враќа уште еднаш!
Овој пат организираме работилница за темата DevOps и ве покануваме да дојдете.
Без разлика дали сте почетници или искусни на темата, оваа работилница ви дава можност да постигнете нови знаења и да ги надградите сегашните.
Предавањата ќе ги обработат темите: зошто се потребни DevOps принципи во фирмата, како се имплементираат, CI/CD, демо за pipeline, аргументи од книгата The Phoenix Project и повеќе.
Ако ве интересира повеќе, аплицирајте и се гледаме на настанот!
Детали за настанот:
🎯 Организатор: EESTEC LC Skopje
📆 Датум: 10.05 - 12.05.2024
📍 Локација: ТМФ Амфитеатар
📖 Тема: DevOps
💸 Цена: Бесплатно!!!
👫 Број на партиципанти: 70
⏳ Рок за aплицирање: 7.05.2024 ,23:59ч
Доколку сте прифатени за настанот, ќе мора да потврдите ваше присуство со одговор на email.