Важно ни е вашето мислење!
Списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, опстојува веќе осма година, а еден од неговите најсилни партнери низ времето се токму читателите и поддржувачите на коцептот дека работата е најсилната алатка за социјална инклузија на ранливите сограѓани.
Од самиот почеток, низ годините на развој и доближување на концептот до заедницата, континуирано настојуваме да ги интегрираме мислењата на јавноста во нашата работа, затоа што сметаме дека тоа е единствениот начин да креираме решенија кои ќе обединуваат различни визии и потреби.
И сега сме пред нов предизвик.
Би сакале да ве поканиме, како наши сојузници, да ни се придружите со одговори на анкета која нема да ви одземе повеќе од 10 минути, а ќе значи многу за импактот кој заедно можеме да го создадеме во општеството.
Вашите видувања за типот на содржините во „Лице в лице“, за дизајнот, за тоа што повеќе преферирате денес – печатено или електронско издание, за начините на негова продажба, за неговата достапност, и за уште некои други прашања, ќе ни донесат нови хоризонти и патокази во кој правец сите заедно би сакале да растеме и да се развиваме.
Дајте му „глас“ на вашето мислење и да ја (за)движиме промената! :)