ПроЕфект обезбедува услуги и експертиза за развој на предлог проекти и подготвување на целокупната документација за аплицирање во програмите за грант поддршка на ЕУ и другите донаторски агенции и домашни фондови. Ние можеме да Ви помогнеме во подготовката на целосната апликација на предлог проект за грант или на само еден негов дел. Исто така правиме и унапредување (корегирање) на веќе направена проектна апликација која е спремна за праќање или која била одбиена и ја спремаме за следни конкурси.
Подолу видете ја листата на грант програми за кои подготвуваме предлог проект. Нашиот пристап се состои во следното: најпрво го дефинираме времето или бројот на денови потребни за подготовка на проектот, го дефинираме финансиските услови како и предвидените задачи, по што ќе потпишеме договор за консултантски услуги и ќе пристапиме кон реализацијата на задачата!
Во обезбедениот простор одговорете на зададените прашања. Има три целини (во првата се оставаат контакт детали, втората целина е за информација за грант програмата и во четвртата се дава можност да закажете бесплатна инфо-средба на ZOOM или во Проефект) и на крајот ќе треба да кликнете Submit.
За дополнителни информации можете да не' контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата: proefekt.mk@gmail.com