Апликација за Видео работилница за млади во Куманово
Младински образовен форум објавува повик за учесници на видео работилница за млади за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 25-ти до 27-ми октомври 2019 во Куманово.
Работилницата ќе опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе понуди теоретски и практични знаења кои со изработка на видеата учесниците ќе ги употребат во текот на самата работилница. Право на учество имаат сите млади кои живеат во Куманово и кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за средината во која живеат.
За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални предизвици и недостатоци на локално ниво и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата е да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.
Каде?
Работилницата ќе се одржи во Кружната сала на Општина Куманово

Кога?
Од 25-ти до 27-ми октомври 2019 година. Работилницата започнува на 25-ти октомври, петок во попладневните часови и завршува на 27-ми октомври, недела попладне.

Кој може да аплицира?
Сите млади кои живеат во Куманово. Претходно знаење и искуство не е потребно.

Како се аплицира?
Аплицирањето се врши најдоцна до 22-ри октомври 2019 (вторник).

Работилницата е бесплатна, а работен јазик ќе биде македонски. Пријавените треба да присуствуваат на сите три денови од работилница.

Сите заинтересирани за работилниците можат да се обратат на следниот мејл: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или телефон: 02/3139 692.
Име и презиме: *
Your answer
Мејл: *
Your answer
Контакт телефон: *
Your answer
Возраст: *
Your answer
Која е вашата мотивација за учество на работилницата? *
Your answer
Дали имате искуство во снимање и монтирање на видеа? *
Your answer
Дали можете да присуствувате на целата работилница? *
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse