Пријава за изразување на интерес за испраќање учесници на Летни младински инклузивни кампови 2019
Центар за младински активизам заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавува повикот за пријавување на учесници на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.

Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со попреченост и без.

Камповите траат 6 дена (5 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид Ицо 

Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено.

Подготовките за камповите се одвиваат во периодот од март до јуни 2019 година.

Една група на еден камп се состои од 30 до 40 учесници. Учесниците работат поделени во групи од 5 лица. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 2 лица со попреченост и 2 лица со типичен развој.

Со оваа група на учесници работат 8 лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, 4 младински работници и 2 координатори на програмските активности.

Како дел од програмскиот тим ќе се приклучат и група на извидници од Франција кои ќе работат со учесниците на активностите на отворено.

Бројот на камповите и датите на реализација ќе бидат потврдени според потребите и пријавените учесници. Информацијата за точниот број и датата на реализација на камповите ќе биде објавена во првата недела од јуни 2019 година.

Програма на кампот се состои од:

-Активности за градење на група;
-Локални и регионални вечери;
-Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
-Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
-Посети на локалните места во Охрид;
-Интересни и забавни активности.

Котизација за учество: 7 345 мкд по учесник.

Котизацијата вклучува:

-Превоз од местото на живеење на учесникот до Извидничкиот центар Охрид
-Сместување во шатори
-3 оброци (доручек, ручек и вечера) и 1 ужинка (кафе/чај и овошје)
-Директно учество на активностите од кампот вклучувајќи ја целата програма
-Одоворни лица за времетрање на кампот и тоа: специјален едукатор, социјален работник и младински работници.

За реализација на камповите за летната сезона 2019 година се организира кампања за прибирање средства како би можело да се обезбеди учество за поголем број на учесници.

Име и презиме на личноста која ја пополнува пријавата за интерес *
Your answer
Контакт информации од личноста која ја пополнува пријавата за интерес *
Your answer
Место на живеење на личноста која ја пополнува пријавата за интерес *
Your answer
Доколку ја пополнувате пријавата за младо лице кое сакате да го пријавите на кампот, која е вашата врска со лицето? *
Име и презиме на личноста која се пријавува за учество на кампот *
Your answer
Контакт информации за личноста која се пријавува за учество на кампот
Your answer
Возраст за личноста која се пријавува за учество на кампот *
Your answer
Место на живеење на личноста која се пријавува за учество на кампот *
Your answer
Доколку личноста која се пријавува за учество на кампот има одреден вид на попреченост, ве молиме кажете ни нешто повеќе за тоа
Your answer
Дали сте во можност да ја подмирите котизацијата за учество од 7 345 мкд за лицето кое го пријавувате? *
Ви благодариме за изразување на интересот. Ќе ве известиме за понатамошни инструкции.
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service