Прашалник за самооцена*
Овој прашалник е наменет за граѓански организации кои сакаат да аплицираат за грант преку повикот објавен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за подобрување на внатрешните структури на управување во организациите. Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество: државна помош за граѓански организации“ која е финансирана од ЕУ.

Прашалникот го подготвивме со цел да Ви помогнеме да добите појасна слика за Вашата организациска структура и систем на управување. Преку овој прашалник ќе имате можност да гo утврдите нивото на развој на организациското управување во вашата организација. А, тоа значи дека одговорите на овој прашалник ќе ви дадат насока во планирањето на предлог проектните активности кои треба да се однесуваат токму на воспоставување на отчетен и транспарентен внатрешен систем на управување.

Прашалникот се базира на самооценка, што значи лицето кое го пополнува треба добро да ја познава работата на Вашата организација за да може да даде најмеродавни одговори. Во Прашалникот се издвоени 13 области** на внатрешно управување и во секоја област има по неколку изјави кои ја опишуваат областа и нејзините клучни компоненти. Понудените одговори се дадени под секоја од изјавите. Се одговара така што се кликнува на соодветниот квадрат под дадените одговори: ДА, ДО НЕКАДЕ, и НЕ. Одберете ДА кога описот на областа во целост соодветствува со Вашето работење. Одберете ДО НЕКАДЕ кога описот на областа до некаде соодветствува со Вашето работење и одберете НЕ кога описот во областа воопшто не соодветствува со Вашето организациско работење.

Кога ќе го подготвувате предлог проектот фокусирајте се на тоа што го немате воспоставено во Вашето организациското функционирање и управување или на она што моментално делумно го имате и треба да го подобрите.

*Прашалникот е превземен од Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија преку кој се доделува Стандард за квалитет во граѓанскиот сектор во Словенија и е соодветно адаптиран за потребите на овој повик.

**Областите во овој прашалник се компатибилни со критериумите во Ознаката за доверба која има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи граѓански организации во коишто можат да донираат. Ознаката за доверба ја подготви и спроведува организацијата Конект.

Назив на организација *
Your answer
Наслов на предлог проектот *
Your answer
Емаил (електронска) адреса *
Your answer
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Additional Terms