ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје Пријава за упис на ученици во I (прво) одделение ДЕВЕТГОДИШНО основно музичко образование (ВИОЛИНА, ВИОЛА, ВИОЛОНЧЕЛО, ПИЈАНО)
Во I одделение во деветгодишно основно музичко образование можат да се запишат ученици кои во редовна настава во матичното (основно) училиште следната учебна година ќе бидат во I, II или III одделение.

УПАТСТВО: Оваа пријава е електронска и автоматски ги праќа податоците во нашиот училишен центар. Поради тоа, пополнувањето на пријавата мора да е со кирилични букви. Пријавата ја пополнува родител на ученикот и истиот гарантира за точноста на податоците.

Внесете ја вашата е-пошта каде ќе добиете пополнет образец од пријавата како доказ дека истата е пополнета и испратена до нашиот училишен центар.
Email address *
Потребни документи и важни информации
Потребни документи
На денот кога ќе се полага приемниот испит треба да се донесат и остават на комисијата следните документи:

1. Пријавата која ја пополнувате (електронски);
2. Фотокопија од извод од матична книга на родени на ученикот;
3. Потврда за редовност од матичното училиште каде што учи ученикот или од следната учебна година ќе биде запишан во прво одделение (на денот на полагање на испитот);

Важни информации:

• Во I одделение нема да бидеме во можност да ги запишеме сите ученици кои ќе се пријават. Ќе бидат запишани само учениците кои ќе го положат приемниот испит;

• Во музичкото образование I одделение е селективно и во II одделение ќе продолжат само учениците кои успешно ќе го положат испитот на крајот на годината

• При распределба на учениците по инструменти ќе биде земена во предвид нивната желба, но конечната распределба ќе зависи од постигнатите резултати на испитот на крајот на годината.

• Распоредот на часови не сме во можност да го прилагодиме на секој поединечно и поради тоа Ве молиме Вие да ги прилагодите сите други вонучилишни активности според распоредот на нашето училиште кој ќе биде објавен на почетокот на учебната година.

НА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЗА ДЕВЕТГОДИШНО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ПРОВЕРУВА МУЗИКАЛНОСТА НА КАНДИДАТИТЕ
(интонација, музичка меморија, ритам)

РАСПОРЕДОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА ВЕБ СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ТЕРМИНОТ ПРЕДВИДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ.

УЧИЛИШТЕТО НЕМА ДА БИДЕ ВО МОЖНОСТ ПОЕДИНЕЧНО ДА ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ДАТУМОТ И ТЕРМИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ ПРИЕМЕН ИСПИТ.

ЗАТОА, ВЕ МОЛИМЕ, СИТЕ КОИ ЌЕ ПОДНЕСЕТЕ ПРИЈАВА, ТАА ИНФОРМАЦИЈА САМИ ДА ЈА ДОЗНАЕТЕ ОД НАШАТА ВЕБ СТРАНА.
Ако го прочитавте текстот и ги разбравте условите за запишување во деветгодишно основно музичко образование, кликнете на NEXT.
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy