Пријава за присуство на TEDxSkopje IoT, 21.11.2015


Ве молиме внимателно да ги прочитате информациите пред да ја пополните пријавата.

Кога и каде
Ова е пријава за присуство на конференцијата TEDxSkopje IoT, која ќе се одржи на 21 ноември 2015 година, во ibankStore на Стопанска Банка на Кејот на реката Вардар.

Влезници
Влезницата за TEDxSkopje IoT е бесплатна, но бројот на посетители е ограничен на 100, согласно добиената TEDx лиценца.
Пред дефинитивно да добиете влезница за TEDxSkopje IoT, преку е-пошта неколку пати ќе биде побарано од Вас да го потврдите своето присуство.

Времетраење
TEDxSkopje IoT е неколкучасовна конференција.
Вашето присуство е задолжително во времетраење на целиот настан.

Програма
Конференцијата ќе се состои од 2 сесии.
Во секоја сесија ќе се одржат презентации во живо, од страна на најавените говорници и по една проекција на снимена презентација од TED. Организаторите го задржуваат правото да вметнат говорник, на место на најмногу 2 (две) проекции.
За време на сесиите не се дoзвoлени дискусии и прашања од публиката. За таа цел, по секоја сесија следува пауза, на која сите говорници и посетители во неформална атмосфера ќе имаат можност да дискутираат за темите кои биле изложени.

Повеќе информации може да најдете на tedxskopje.mk.
Доколку имате прашања, слободно обратете се на contact@tedxskopje.mk.

Ви благодариме за интересот.

Ве молиме, при пополнување на пријавата, користете кирилица.

    Лични податоци

    Сите информации кои ги бараме од Вас се единствено во функција на ефикасно организирање на настанот, Ваше регистрирање за идентификација и резервирање. Тие нема да бидат објавени никаде. (Личните податоци, т.е. генералиите, нема да играат улога при изборот на посетителите.)
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question

    За Вас

    Врз основа на долунаведените прашања ќе се врши финалниот избор на посетителите. Затоа, Ве молиме на нив да одговорите прецизно и исцрпно. Нашата цел е да одбереме разновидна и квалитетна публика.
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question