Семинар „Истражи ја Википедија“
Ова е пријава за учество на семинарот „Истражи ја Википедија“ организиран по повод 15 години од постоењето на Википедија, кој ќе се одржи во сабота, 16 јануари 2016 година, во просториите на American Corner Skopje, во новиот дел на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Семинарот ќе трае неколку часа и ќе вклучува предавања и работилници на теми поврзани со Википедија.
Програмата можете да ја пронајдете на Википедија на македонски јазик, а дополнително ќе ви биде испратена по електронска пошта заедно со сите важни информации за семинарот.
Сите учесници на семинарот ќе добијат уверение за учество, како и уникатна маичка со логото на Википедија.