Формулар за ажурирање на членството во Македонската Асоцијација на Гинеколози и Опстетричари (МАГО)
Ве известуваме дека со одлука број 03-320 од 01.04.2022 од Управниот одбор на МАГО одржана на ден 01.04.2022 година, а согласно статутот на МЛД и МАГО треба да се изврши ажурирање на податоците на членовите во МАГО и редовното уплаќање на членарина.
Согласно истата одлука е одлучено членарината да биде 1200денари годишно и ќе се уплаќа преку сметката на МЛД , преку онлајн системот на МЛД или со одбиток од 100 денари од вашата плата.
Според член 9 од статутот на Македонско лекарско друштво (МАГО) секој лекар со потпишување на пристапницата за зачленување во МЛД го прифаќа статутот на МЛД и неговите одлуки.