Како дел од програмата за Глобалната недела за климатска акција која се случува неделата од 20ти до 27ми септември, работилницата "Градење моќ и глокално дејствување: Климатски Преговори на ОН и наше влијание на одлуките" ќе вклучи дискусии на темите политичка екологија, климатска правда и интерсекционалност.
Со вежба за градење на заедничка визија за иднината и обмислување на тоа како да стигнеме до таа иднина преку локално и глобално (глокално) организирање, ќе ги поставиме контурите за државен Зелен Договор за Македонија. Оваа работилница исто така ќе даде осврт на климатските преговори на Обединетите Нации и ќе сподели начини на кои може да влијаеме на тие одлуки.
Ако имате искрена страст за сите или некоја од горенаведените теми, сакаме да ве видиме токму вас таму! Пополнете го овој формулар пред 25ти септември.
Работилницата е организирана од страна на YFoE Македонија.
Датум: 26ти септември
Време: 17:00 - 21:00 часот
Место: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
Мапа: ул. „20 Октомври“, бр. 8, кат 2 -
shorturl.at/fuBLX