Request edit access
АПЛИКАЦИЈА ЗА МЕДИА/АРТ КЛУБ СКОПЈЕ
Креативен/на си и сакаш активно да и помогнеш на локалната заедница? Тогаш, Медиа/Арт клубовите на МОФ се вистинското место за тебе! Пријави се на повикот за нови членови на Медиа/Арт клубот Скопје најдоцна до 1-ви февруари 2019 година.

Што е Медиа/Арт клуб?
Медиа/Арт клубовите на Младински образовен форум (МОФ) се место за слободно и креативно изразување на младите. Во моментов постојат 5 клубови во Македонија: во Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Велес. Содржините кои младите членови на Медиа/Арт клубовите ги создаваат имаат цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретна општествена тема од нивен интерес за помагање на локалната заедница преку младински активизам.

Зошто Медиа/Арт?
Членовите на овој клуб преземаат акции и учат за креативен активизам; онлајн активизам; граѓански активизам; слобода на изразување; стереотипи, предрасуди и дискриминација; сајбер булинг и медиумска писменост. Уредуваат јавни простори, дизајнираат од реупотребливи материјали; пишуваат вести и изработуваат весници и користат уметност за активизам. Целта на секој клуб е да го обучи членот независно и самоуверено да ги користи алатките кои се изучувале, но и да обезбеди безбедна, здрава и поддржувачка средина за младите да можат да ги изразат своите ставови, да се изградат себеси, да истражуваат и да грешат. Преку овој став, младите ги гледаат клубовите како место каде што се слободни, можат да пробуваат нови нешта без осуда дека се добри или лоши во нештата кои ги изведуваат. Тие се ослободуваат од стегите наметнати од околината и самостојно избираат за себе. Младите ги градат своите капацитети, дознаваат повеќе за себе и околината, стекнуваат вештини и знаења, креираат нов круг на пријатели и познаници, учат за почит и одговорност и се забавуваат.
Медиа/Арт клубовите на МОФ ќе ги обезбедат сите потребни материјали за работа, како и предавачите со кои ќе соработуваат членовите, ваше е само да дојдете и да го понесете креативниот дух.
Работен јазик на работилниците е македонски.

Каде да се пријавам?
Сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 25 години од Скопје можат да се пријават тука најдоцна до 1-ви февруари 2019 година. Доколку имаш некое прашање, пиши ни мејл на Ivona_kuzmanovska@mof.org.mk. Очекувајте го нашиот мејл или повик со известување за почетокот на работилниците

Име и презиме: *
Your answer
Возраст: *
Your answer
Мејл: *
Your answer
Контакт телефон: *
Your answer
Училиште/ Факултет: *
Your answer
Која е вашата мотивација да бидете член на Медиа/Арт клубот Скопје? *
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse - Terms of Service