Request edit access
Апликациска форма за долгорочна програма за младински работници мај - декември 2019
Во периодот од мај до декември 2019 година во Скопје, Центар за младински активизам КРИК спроведува програма за младински работници. Програмата ќе се одвива во 3 циклуси.

Првиот циклус- обуки за младинска работа
Ова е циклус на 10 обуки наменети за младински работници кои ќе се одвиваат во период мај-септември 2019 година. Датите на одржување на обуките се наведени подолу. На овие обуки учесниците ќе стекнат знаење, техники и вештини за спроведување на различни видови на младинска работа. Фокусот на обуките е во спроведување на активности од младинска работа в мешани групи (млади со типичен развој и млади со попреченост или помалку можности). Обуките ќе ги водат обучувачи – експерти во областа.
Вториот циклус-планирање и подготовка на младински програми

Во вториот циклус, учесниците ќе се поделат во тимови по пројца и ќе работат на подготовка на младински програми кои ќе ги спроведат во месец септември. Вкупно ќе постојат 5 тимови кои ќе работат во 5 специјални школи во Скопје. На секој тим ќе му биде доделен ментор кој ќе им помогне да ги подготват програмите. Врз основа на стекнатото знаење и претходно искуство учесниците заедно со менторите ќе подготват тема на работа и целна група со која ќе работат понатака. Овој циклус се одвива во период септември 2019 година.

Трет циклус-практична работа
Последниот циклус е период каде учесниците во пракса го спроведуваат наученото во текот на претходните циклуси. Во текот на практичната работа учесниците ги реализираат своите програми кои ги подготвиле заедно со менторите. Откако учесниците ги подготвија своите програми заедно со менторите, во месец септември започнува процесот на контактирање на специјалните школи и формирање на групите. Крик има остварено соработка со специјалните школи во Скопје, и контактирањето се одвива во насока на консултација и и разговор со вработените и учениците од школите околу идеи за програмата. Понатака учесниците продолжуваат кон имплементација на програмите. Менторите се присутни постојано за понатамошна поддршка. Овој циклус ќе се одвива во периодот од септември до декември 2019. На крајот од програмата секој од тимовите ќе реализира финален настан заедно со учесниците.

По завршувањето на обуките, учесниците имаат можност да продолжат со работата или понатаму да развиваат нови проекти и програми во склоп со годишните активности на организацијата.
Број на учесници- 15 учесници
Критериуми:
o Учесниците треба да имаат над 18 години
o Учесниците треба да имаат основно познавање на младинската работа
o Учесниците треба да имаат реализирано барем 1 активност (обука, работилница, настан и сл.) со млади наменета за нивен личен и социјален развој.

Ова се датумите за обуките од првиот циклус, учеството на обуките е задолжително, дозволено е отсуство на максимум 2 обуки. Доколку учесникот има отстуствоповеќе од 2 обуки, нема да продолжи во наредните циклуси.
 Обука 1 22ри мај 2019 година, вторник со почеток од 17:00 до 21:00 часот;
 Обука 2 23ти мај 2019 година, среда со почеток од 17:00 до 21:00 часот;
 Обука 3 01ви јуни 2019 година, сабота со почеток од 10:00 до 17:00 часот;
 Обука 4 02 јуни 2019 година, недела со почеток од 10:00 до 17:00 часот;
 Обука 5 15ти јуни 2019 година, сабота со почеток од 10:00 до 17:00 часот;
 Обука 6 16ти јуни 2019 година, недела со почеток од 10:00 до 17:00 часот;
Месец јули и август пауза
 Обука 7 14ти септември 2019 година сабота со почеток од 10:00 до 17:00 часот;
 Обука 8 15ти септември 2019 година недела со почеток од 10:00 до 17:00 часот;
 Обука 9 18ти септември 2019 година, среда со почеток од 17:00 до 21:00 часот;
 Обука 10 19ти септември 2019 година, четврток со почеток од 17:00 до 21:00 часот.
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy