Request edit access
ПОВИК ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АКЦИИ

Организација на жените на Општина Свети Николе и партнер организациите ЕХО од Штип и Организација на жените од Лозово, во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ го објавуваат овој јавен повик за поддршка и спроведување на локални акции во Општина Свети Николе, Општина Лозово и Општина Штип.
Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои засегаат поголем број граѓани и групи. Акциите кои ќе бидат поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и други потреби кои граѓаните сметаат дека со нивно активно вклучување и граѓански ангажман ќе можат да донесат промени во животот на нивните сограѓани.
Ги охрабруваме сите граѓани да предложат оддржливи идеи со кои можат активно да се вклучат во решавање на проблемите и ќе ја подобрат состојбата во локалната заедница и со нивна помош, сограѓаните и локалните институции заеднички ќе придонесат за квалитетен живот во Општина Свети Николе.
Сите пристигнати апликации ќе бидат оценувани од страна на петточлена Комисија за евалуација, а секоја од избраните акции ќе биде поддржана со максимум од 30.000 денари.
Да ги размрдаме прстите и да бидеме активни креатори и чинители во локалната заедница заради самите нас!

Огласот ќе биде активен во периодот од 01/02/2018 до 28/02/2018 година.

Име и Презиме: *
Your answer
Општина: *
Улица и број: *
Your answer
Телефон за контакт: *
Your answer
Опишете накратко кој проблем или потреба сакате да ја решите или подобрите во Вашата локална заедница: *
Your answer
Дали за да се реализира активноста Ви е потребна соработка и поддршка од локални институции/организации? *
Доколку потврдивте дека имате потреба и имате поддршка од локалните институции/организации, Ве молиме да наведете од кои? *
Your answer
Колкав број на луѓе би се вклучиле во реализација на акцијата? *
Your answer
Набројте ги потребните материјали за реализација на акцијата: *
Your answer
Колку финансиски средства се потребни за да се реализира активноста? *
Your answer
Каква друга поддршка би Ви била потребна за да се реализира активноста: *
Your answer
Мрдни со Прст- Ти си на потег
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Additional Terms