ПОВИК ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АКЦИИ
Организација на жените на Општина Свети Николе и партнер организациите ЕХО од Штип и Организација на жените од Лозово, во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ го објавуваат овој јавен повик за поддршка и спроведување на локални акции во Општина Свети Николе, Општина Лозово и Општина Штип.
Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои засегаат поголем број граѓани и групи. Акциите кои ќе бидат поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и други потреби кои граѓаните сметаат дека со нивно активно вклучување и граѓански ангажман ќе можат да донесат промени во животот на нивните сограѓани.
Ги охрабруваме сите граѓани да предложат оддржливи идеи со кои можат активно да се вклучат во решавање на проблемите и ќе ја подобрат состојбата во локалната заедница и со нивна помош, сограѓаните и локалните институции заеднички ќе придонесат за квалитетен живот во Општина Свети Николе.
Сите пристигнати апликации ќе бидат оценувани од страна на петточлена Комисија за евалуација, а секоја од избраните акции ќе биде поддржана со максимум од 30.000 денари.
Да ги размрдаме прстите и да бидеме активни креатори и чинители во локалната заедница заради самите нас!
Огласот ќе биде активен во периодот од 01/02/2018 до 28/02/2018 година.