Почитувани наши граѓани, Општина Центар започна со подготовка на стратешки плански документ од областа на животната средина, Локален Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Центар (2018 – 2024 година) во кој ќе ги идентификуваме сегашните притисоци врз животната средина и ќе понудиме решенија за нивно надминување. Вашето мислење во однос на тоа како Вие ги чувствувате еколошките проблеми, што Вие цените дека е еколошка вредност на нашата општина е од особена важност при подготовката на овој документ. Ве молиме искрено да го пополните анкетниот лист и со тоа активно учествувате во креирање на одржлива заедница.