⏰ ВРЕМЕ Е И ТИ ДА УЧЕСТВУВАШ НА NASA Space Apps Challenge !!! 🌍🛰️
Најголемиот хакатон во светот организиран од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA заедно со партнери и од други вселенски агенции „NASA Space Apps Challenge“ се одржува секоја година истовремено во 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет. Во 2021 година 28.000 учесници креираа над 2.800 проекти решавајќи предизвици со кои се соочуваат Земјата и вселената.
Во Македонија натпреварот традиционално се одржува од 2013 година, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и со поддршка на домашни институции и компании, како и ментори експерти од индустријата и универзитетски професори, а досега над 1500 млади таленти од нашата земја имаат земено учество.
Оваа година свеченото отворање на натпреварот е закажано за 30ти септември 2022 година, а самиот хакатон ќе се одржи на 1ви и 2ри октомври 2022 година, и нуди многу нови можности и изненадувања!
ЛОКАЦИЈА: Netaville, Скопје - најновиот ИТ Хаб на компанијата за развој на софтвер Netcetera Macedonia. Учесниците и едукаторите кои нема да можат да се приклучат со учество во живо ќе можат да ни се придружат оналајн преку платформа за соработка.
По повод 10 годишнината ќе нема возрасни ограничувања. Добредојдени се сите Space ентузијасти од најмлади до најстари.
📢🏆 За да се квалификувате за главната награда на национално ниво: „Патување во NASA Kennedy Space центарот за 2 члена од победничкиот тим“✈️, пријавувањето направете го кај националните организатори на
https://bit.ly/NASASpaceAppsMKDПотоа задолжително пријавете го вашиот тим и на официјалната страна на натпреварот каде може да го одредите и вашиот предизвик со што ќе влезете во конкуренција и за глобалните награди
https://2022.spaceappschallenge.org/locations/skopje/event
👩🏫👨🏫 ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИ/ПРОФЕСОРИ/МЕНТОРИ:
https://bit.ly/STEMSpaceEducatorsМенторот на победничкиот тим исто ќе може да патува во NASA Kennedy Space центарот во САД, за повеќе информации отворете ја формата за пријавување.
Пријави се уште денес и обиди се и ти!
Среќно!