БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА Е ПОПОЛНЕТ И СИТЕ НОВОПРИЈАВЕНИ ЌЕ БИДАТ КОНТАКТИРАНИ ЗА СЛЕДНАТА
Работилницата е отворена за сите ученици кои се грижат за животната средина и со рециклирање отпадот сакаат да создадат креативни творби или предмети со нова употребна вредност.
- Организаторот има обезбедено одредена количина на пластични шишиња од пијалоци, а секој од учесниците пожелно е да донесе и други отпадни материјали за работилницата кои на крај ќе се предадат за рециклирање.
- Отпадните материјали (пластика, шишиња и др.) требада бидат добро измиени за да може учениците да работат со нив.
- Најдобрите творби ќе учествуваат во избор за награди.
- Работилницата ќе се одржува на 12 март 2022 од 10-14 часот во просториите на Џифони Македонија со истовремени присуство од најмногу 10 учесници во една група. Во случај на поголем интерес, работилниците ќе се одржат во повеќе термини во текот на 12 и 13 март 2022 година.
Учеството е целосно бесплатно за сите учесници, но бројот на учесници е ограничен. Приоритетот на учесници ќе биде според редоследот на пријавување.
- Секој учесник ќе добие маичка, ужинка за време на работилницата.
- Бројот на учесници е ограничен. Веднаш по пополнувањето на местата, ќе добиете емаил со потврда дека сте примени, со информации за распоредот на активностите и начинот на учество.
Следете нѐ на Facebook и на Instagram за сите информации и новости.
За сите информации пишете на нашата Facebook страна или на контакт телефон: 070 222 234
Забелешка: Пред пријавувањето за учество на работилницата потребно е да добиете согласност од вашите родители.
Со пополнувањето на овој формулар потврдувате дека сите информации кои ги давате се точни и дека вашите родители се запознаени и го oдобрија вашето учество на работилницата.
Долу пополнетите податоци „Планет М“ ќе ги чува и обработува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во Република Сееверна Македонија. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.