Анкетен прашалник за креирање на Програмите за
работа на општина Свети Николе за 2025 годинa
Почитувани граѓани,
Општина Свети Николе, при подготовката на
Програмите за работа и на Буџетот за следната година, реализира консултативни
процеси. Целта на овој консултативен процес е зголемување на учеството на
граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и креирање на
транспарентна локална самоуправа.
Оваа година овој процес го реализираме електронски преку Анкетен прашалник и
преку трибини и средби со граѓани, се со цел поголемо партиципативно
учество на граѓаните во донесувањето одлуки и креирањето политики на локално
ниво.
Вашите одговори на поставените прашања имаат значење при креирањето на
општинските програми за работа.
Ви благодариме!