Акцелераторска програма - ROMA DIGITAL BOOST 2021
Иницијатива за Економскиот Развој на Ромите - РЕДИ е мрежа на меѓународни невладини организации која се стреми кон градење на еко систем и економско јакнење на ромската заедница во Западен Балкан и Европа.
Мисијата на РЕДИ е економско јакнење на ромските заедници преку промовирање на постоечките претприемачи и нивните бизниси користејќи услуги за развој на бизнисот, обуки и пристап до финансии.
ROMA DIGITAL BOOST 2021 програмата е акцелераторска програма чија цел е пренесување на знаење и вештини на 30 бизниси раководени од Роми за нивна трансформација од традиционален бизнис во дигитален бизнис. Конечната цел на акцелераторската програма е да го поддржи отворањето на 30 онлајн продавници раководени од Роми.
ROMA DIGITAL BOOST 2021 ќе им послужи на специфичните потреби на 30 ромски претприемачи од Северна Македонија кои се добитници на финансиката поддршка од програмата Самовработување со грант на АВРСМ и на претприемачите погодени од кризата COVID-19 за да ја рестартираат и подобрат нивната бизнис активност. И двете групи, формални-неформални и стартап бизниси раководени од Роми директно ќе имаат корист од програмата. Жените претприемачи Роми се особено охрабрени да учествуваат во акцелераторската програма.
Програмата е финансирана од Regional Cooperation Council (RCC), Европска Унија и е поддржана од USAID и Фондација Отворено Општество.
Крајниот рок за пријавување е 21 ОКТОМВРИ 2021 година.