АНКЕТА ЗА ЕТИЧКИОТ И МОРАЛНИОТ ОДНОС КОН КУЧИЊАТА
Последниве години во нашето општество се водат бројни дебати за „хуманиот„ третман кон домашните миленици, бездомните кучиња, фармските и дивите животни.
Во Македонија етичкиот и моралниот однос кон животните е проблематичен, и е со многу контраверзи и бара разумна дискусија со анализа на јавното мислење. Со вашите искрени одговори ќе придонесете во научно-истражувачката анализа со крајна цел да добиеме одговори на прашањето како можеме да помогнеме правилно и соодветно да се грижиме за животните.
Анкетата е наменета за етичкиоти моралнот однос кон кучињата, се однесува на сопственици на домашни миленици како и на пошироката јавност, ја изработува Центарот за благосостојба при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, се гарантира анонимност на вашите одговори кои ќе се анализираат и презентираат исклучиво на ниво на групи и ќе послужат за научно-истражувачки цели.