Request edit access
Повик за учество на Работилница за фил(м)ософија со деца со д-р Мартин Поповски
На 23 мај (вторник) со почеток во 18:00 часот ќе се одржи онлајн работилница со д-р Мартин Поповски.

Детската имагинација не е само волшебно патување во замислен свет. Таа честопати своето извориште и инспирација ги има во зачуденоста од реалниот свет и од опкружувањето во кое детето расте и се развива. Затоа имагинацијата не претставува само изблик на креативност, туку во голем број случаи е резултат на изворната детска вчудовиденост пред големите прашања за светот, за себе си и за другите луѓе.

Оваа работилницата за деца од 9 до 11 годишна возраст наречена „Фил(м)ософија со деца“, инспирирана од проекцијата на анимираниот филм МИРАИ, ја користи токму имагинацијата како импулс за детското автентично размислување (без наметнување на туѓи ставови и гледишта) за важни прашања за семејството, љубовта, љубомората, разбирањето, емпатијата... прашања кои го отвораат патот кон „Другиот“ и кон сопственото растење и созревање. Покрај тоа, случувањата во филмот можат да инспирираат и дискусија за други мошне интересни теми како што се: патувањето низ времето, идентитетот на личноста низ промените во текот на животот, или, пак, односот на човекот кон животните.

Мартин Поповски е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади). Тој е пионер во областа на филозофијата со деца во Македонија промовирајќи, разработувајќи и реализирајќи ја оваа идеја од 2013 година. Со поддршка на Филозофското друштво на Македонија организира, учествува и самостојно реализира поголем број предавања, работилници и практични реализации на часови по филозофија со деца, во соработка со истакнати европски експерти. Автор е на неколку научни трудови од оваа област во домашни и меѓународни списанија.

23 мај (вторник)
18:00 часот
ZOOM платформа
Времетраење: 45 минути

Подлошка и услов за успешно спроведување на работилницата е анимираниот филм МИРАИ (Mirai no Mirai, 2018) кој ќе биде бесплатно достапен нa VoD платформата Cinesquare од 16-ти до 23-ми мај (потребно е да го гледате филмот пред да се вклучите на онлајн работилницата). Можност да учествуваат имаат деца на возраст од 9 до 11 години - бројот на учесници е ограничен на 10.
Рокот за пријавување е до 22-ти мај (понеделник). Потврда за учеството ќе Ви биде испратена на истиот датум (22-ти мај, недела).
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме:
Возраст
Контакт (email адреса и телефонски број):
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy