Безбедноста и сигурноста се основни предуслови за здрав развој на младите во една држава. Тоа подразбира пред се лична физичка безбедност, но и безбедна околина која овозможува култивирање на здрави млади. Младите се ранлива категорија, а еволуцијата на безбедносните закани изискува нови пристапи кои младите ќе ги вклучи во потполност во општествениот живот со цел да се изгради отпорност кај нив. Со цел да се одговори соодветно на современите предизвици, исклучително е важно стратегијата за младите да ги третира проблемите кои токму нив ги засегаат и се идентифицирани од нив.