Во рамките на “Кампањата Мрдни со Прст” - Организација на жените на општина Свети Николе распишува јавен оглас за најмалку 3 маалски акции. Да ги размрдаме прстите на Светиниколчани и да го разубавиме соседството и опкружувањето околу нас.
Еден од условите за аплицирање е лицето иницијатор да собере потписи од повеќе соседи.
Што се може да вклучат маалските акции?
1. Поставување на урбана опрема (набавка на клупи, масички, лулашки за деца..)
2. Уредување на маалски простор (чистење, садење цвеќиња-петунии или љубичици, разубавување на запуштени делови итн.)
3. Партерно уредување на маалски простор
4. Набавка на контејнери, корпи за ѓубре и друга комунална опрема
5. Останати акции и активности кои придонесуваат за остварување на целите на кампањата.
Огласот ќе биде активен во периодот од 19/07/2017 до 30/07/2017 година