申请编辑权限
Повик за учество на Работилница за фил(м)ософија со деца со д-р Мартин Поповски
На 23 мај (вторник) со почеток во 18:00 часот ќе се одржи онлајн работилница со д-р Мартин Поповски. 

Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм МИРАИ, достапен бесплатно онлајн од 16-23 мај преку VoD платформата на Cinesquare низ цела Македонија. Линк за гледање на филмот: https://tinyurl.com/pff23-mirai

Детската имагинација не е само волшебно патување во замислен свет. Таа честопати своето извориште и инспирација ги има во зачуденоста од реалниот свет и од опкружувањето во кое детето расте и се развива. Затоа имагинацијата не претставува само изблик на креативност, туку во голем број случаи е резултат на изворната детска вчудовиденост пред големите прашања за светот, за себе си и за другите луѓе.

Оваа работилницата за деца од 9 до 11 годишна возраст наречена „Фил(м)ософија со деца“, инспирирана од проекцијата на анимираниот филм МИРАИ, ја користи токму имагинацијата како импулс за детското автентично размислување (без наметнување на туѓи ставови и гледишта) за важни прашања за семејството, љубовта, љубомората, разбирањето, емпатијата... прашања кои го отвораат патот кон „Другиот“ и кон сопственото растење и созревање. Покрај тоа, случувањата во филмот можат да инспирираат и дискусија за други мошне интересни теми како што се: патувањето низ времето, идентитетот на личноста низ промените во текот на животот, или, пак, односот на човекот кон животните.

Мартин Поповски е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади). Тој е пионер во областа на филозофијата со деца во Македонија промовирајќи, разработувајќи и реализирајќи ја оваа идеја од 2013 година. Со поддршка на Филозофското друштво на Македонија организира, учествува и самостојно реализира поголем број предавања, работилници и практични реализации на часови по филозофија со деца, во соработка со истакнати европски експерти. Автор е на неколку научни трудови од оваа област во домашни и меѓународни списанија.

23 мај (вторник)
18:00 часот
ZOOM платформа
Времетраење: 45 минути

Подлошка и услов за успешно спроведување на работилницата е анимираниот филм МИРАИ (Mirai no Mirai, 2018) кој ќе биде бесплатно достапен нa VoD платформата Cinesquare од 16-ти до 23-ми мај (потребно е да го гледате филмот пред да се вклучите на онлајн работилницата). Можност за учество имаат деца на возраст од 9 до 11 години - бројот на учесници е ограничен на 10.
Рокот за пријавување е до 22-ти мај (понеделник). Потврда за учеството ќе Ви биде испратена на истиот датум (22-ти мај, недела).
登录 Google 即可保存进度。了解详情
电子邮件地址 *
Ваше име и презиме: *
Име и презиме на вашето дете: *
Возраст на вашето дете: *
Контакт телефон: *
提交
清除表单内容
切勿通过 Google 表单提交密码。
此内容不是由 Google 所创建,Google 不对其作任何担保。 举报滥用行为 - 服务条款 - 隐私权政策