Request edit access
Фотолов
Пријавување за проектот Фотолов на Википедија на македонски јазик: https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Фотоловови

Пријавување се врши на два начини, преку пополнување на оваа пријава или пак директно уредување на образецот достапен на проектната страна на проектот „Фотоловови“ на здружението Споделено знаење (огранок на Википедија) и Википедија на македонски јазик.

Пополнувањето на оваа пријава треба да биде детално, добро објаснето, со приложување на конкретни работи кои би се фотографирале, зашто се неопходни тие фотографии, колкави ќе бидат финансиските средства.

Со пополнување на пријавата се согласувате пополнетата пријава да биде уредена како посебен предлог на Википедија на македонски јазик од нас, како би можел истиот тој предлог да се постави на гласање од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик, која ја сочинуваат активни уредувачи, што е единствен начин за добивање на ваков грант.

Воедно, задолжително е оставањето на електронски адреси, поради наше известување кон вас.

Email address *
Цел на посета *
Во краток текст да се опише целта на посетата, односно што точно ќе се фотографира на овој фотолов. Од ова претставување зависи дали предлогот ќе биде одобрен од заедницата на Википедија, поради што ве молиме бидете детални во вашето претставување на проектот.
Your answer
Времетраење и датум на одржување на фотоловот *
Потребно е предлогот за фотолов да биде направен најмалку две седмици пред отпочнувањето на самиот фотолов.
Your answer
Учесници *
Потребно е да наведете колкумина ќе учествуваат во овој фотолов. Воедно, задолжително е да ги наведете и нивните кориснички сметки на Википедија на македонски јазик. Доколку учесниците немаат создадено корисничка сметка, потребно е претходно да направите сопствена корисничка сметка на Википедија.
Your answer
Проценети трошоци *
Потребно е детално да ги објасните можните финансиски трошоци кои сакате да ви бидат покриени преку овој предлог за фотолов. Проценетите финансиски средства не треба да ја надминуваат сумата од 3.000 денари. За секој спроведен фотолов потребно е доставување на неопходни сметки и сметкопотврди како би се утврдила сумата за рефундација по спроведувањето на фотоловот.
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service