Aнкетен прашалник за бихејворалното однесување на инвеститорите на Македонска берза АД Скопје
Почитувани,
Истражувањето е дел од магистерската теза „БИХЕЈВОРАЛНИТЕ ФИНАНСИИ И ОТСТАПУВАЊАТА ОД ПЕРФЕКТНО РАЦНИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ОДЛУКИ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПАЗАРИ“ на Економски факултет Скопје при УКИМ, во која покрај теоретскиот и емпирискиот осврт на светските случувања на оваа тема, за цел имам и истражување на однесувањето на инвеститорите на Македонската берза.
Анкетата е анонимна, но многу значајна да може да го заокружам истражувањето и да дојдам до заклучок кои се пресудни фактори при тргување со акции на инвеститорите во Македонија.
Ве молам доколку минимум еднаш сте тругвале на Македонската берза, да кликнете на линкот и да учествувте во истражувањето.
Анкетата се состои од неколку делови во која на сите прашања се одговара со скала од 1 - 5 (нема отворени прашања или повеќекратен избор). Времето потребно да се пополни истата е од 10-15 минути.
Ви благодарам на вниманието и придонесот.