Повик за учесници на проектна активност во рамки на проектот "Inclusive Skating - Ice Skating for Everyone"
Проект: "Inclusive Skating - Ice Skating for Everyone"
Проектна активност Младинска Мобилност
Локација: Скопје, Македонија
Период на Младинска размена: 10.01-17.01.2020 година
Очекуван број на учесници: по десет од секоја организација - вкупно 40 учесници
Краток опис на проектот:
Целта на проектот е да се допрат темите на социјална инклузија преку младинска, спортска размена. Тоа значи отвореност, не само кон младите со хендикеп, туку дополнително да се едуцираат млади луѓе без попреченост да се прилагодат и да разберат како можат меѓусебно да играат.
Преку проектот се промовира учество на млади луѓе во спортски активности кои им овозможуваат на лицата со попреченост социјална интеграција, создавање/зајакнување на лични, социјални и комуникативни вештини.
Проектот го имплементираат четири организации:
- Мрежа за Доживотно Учење, Македонија
- Ресурсен Центар за учење и советување Џеладин Деда, Косово
- Здружение за права на инвалиди "Балкова", Турција
- Асоцијација "Бабилон Травел", Романија
Проектните активности вклучуваат: работилници, дискусии, играње на улоги, студиски посети, дебати и спортски активности во затворен и отворен простор.
Профил на учесници:
Тренери, младински лидери/работници (2 лица),
Млади луѓе од Македонија (лица со попреченост), (4 лица)
Лица за придружба (4 лица)
Учесниците треба:
- да бидат активно вклучени во младински организации и се во позиција да го применат учењето од обуката
- да се во позиција да ги умножат (мултиплицираат) резултатите од обуката
- да се подготвени за активно учество
- да се посветени на учество во целата програма на Англиски јазик
- да имаат претходно искуство во работа со лица со попреченост
- возрасна граница за учесниците: за лица со попреченост и придружба (возраст 16-30 години), за младинските лидери нема возрасна граница.
Краен рок за пријавување: 28.12.2019 година