Request edit access
Пријава за работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Работилницата за книжевен превод „Без фусноти“ е наменета за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик и обратно, и кои се заинтересирани за техниките на преведување кнжевни и уметнички текстови и проблеми при нивната адаптација.

Работилницата ќе се одржи на 10 јуни (сабота) во 16.00 часот, во социјалниот клуб Комитет“.

На учесниците ќе им биде даден краток фрагмент од прозен книжевен текст, кој ќе го преведат на јазикот по сопствен избор, а потоа ќе разговараат за нивните преводи во текот на работилницата.

Особено ќе стане збор за преводот на квир книжевноста и за предизвиците што квир поетиката ги поставува за книжевниот превод.

Работилницата ја води лингвистот и преведувач Ѓорѓе Божовиќ.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен на петнаесет.
Заинтересираните учесници треба да се пријават најдоцна до 08 јуни 2023.
Контакт за информации: izborsteficacvek@gmail.com или телефон 077/99 33 98
(контакт лице: Фросина Крушкаровска)


Ѓорѓе Божовиќ е доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде што предава предмети по општа и балканска лингвистика. Од албански јазик превел повеќе дела од современа поезија, проза, публицистика и драма од автори како Љуљета Лешанаку, Аријан Лека, Ветон Сурои, Еди Рама, Јетон Незирај и други. Неговите два најнови преводи се автофикциите „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ од македонски на српски јазик (Нови Сад: Kulturanova, 2023) и „1997“ од Кристи Пиндери од албански на српски јазик (Белград: Pobunjene čitateljke, 2023).

Работилницата се одржува во рамки на активностите поврзани со регионалниот избор за феминистичка и квир книжевност „Штефица Цвек“. 

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Мејл адреса *
Телефонски број *
Јазици од кои преведувате: *
Ве молиме напишете ни кратка информација за вашиот профил како преведувач/ка (дали студирате или сте дипломиран/а, дали активно се занимавате со преведување и сл.). *
Дали имате прашања околу работилницата?
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy