Проект: “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој”
Специфична цел на проектот: Подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекуграничната област со цел подобрување на вработувањата во туризмот.
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември.