Апликациска форма за младинска програма во Завод за рехабилитација на деца и младинци
Центар за младински активизам Цма Крик спроведува младинска програма за лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период септември - ноември 2018 во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци” во Топанско поле. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинската програма започнува на 25.09.2018 во 15:30. Младинските програми се наменети за млади лица.