Request edit access
Прашалник за проценка на потребите на локалните граѓански организации - Општина Струмица

Овој прашалник е дел од проценката на капацитетите на локалните граѓански организации, неформалните групи и мрежите/ платформите од сите осум (8) плански региони во земјата, конкретно во 17 оптшини (Карпош, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Липково, Конче, Струмица, Битола, Могила, Новаци, Градско, Росоман, Кавадарци, Струга, Вевчани, Гостивар и Врапчиште).  Проценката има за цел да ги увиди капацитетите за застапување, потребите и (недостатокот на) вештините на локалните граѓанските организаии да работат заеднички со единиците на локалната самоуправа и локалните институции на воведување на интерсекциска родова перспектива во својата работа, односно да ги земат  предвид специфичните потреби на различни групи кои заради своите лични карактеристики имаат повеќекратни ранливости, како што се жените со попреченост, специфичните потреби на жените од етничките заедници, жените од руралните области и сл.  Врз основа на наодите од оваа проценка, ќе се изгради програма за јакнење на локалните капацитети на граѓанските организации, земајќи ги предвид т.н. ПАНЕЛ принципи (Учество; Одговорност/отчетностНедискриминација и еднаквостПринцип на зајакнати носители на праваЗаконитост).

Програмата за јакнење на капацитети за граѓанските организации и претставниците од единиците на локалната самоуправа во таргетираните 17 општини ќе вклучува серија на (4) обуки, индикативно планирани како што се: (1) род, интерсекционалност и обврска на јавниот сектор за промоција на еднаквоста; (3) интерсекциски родови анализи на годишните локални програми и индикатори, вклучително и граѓанско учество во креирање на политики базирани на докази и мониторирање; (3) застапување и лобирање (како да се користат податоците како аргументи) и (4) подготовка и управување со проекти финансирани од ЕУ. Модулите за обуки ќе бидат адаптирани на вашите потреби сообразно на наодите од оваа проценка, а понатаму е палнирана и дирекна поддршка преку менторство во процесот на спрведување на компонентата за суб-грантирање предвидена во рамките на проектот, која се очекува да започне кон крајот на 2024 година и на која вие, доколку спроведувате активности во целните општини, можете да се јавите како носител/партнер.

Проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“ е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а спроведуван од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност како Водечки партнер, Полио Плус - Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар. Една од специфичните цели на проектот е градење на капацитетите на граѓанските организации за зајакнување на дијалогот за секторските политики во областите на правда, образование, вработување и социјална политика, со цел да се следи нивото на одговорност на локалните самоуправи  и, истовремено, да обезбеди поддршка за локалните организации во градење на капацитети за мониторирање на вклученоста на интерсекцискиот родов пристап во локалните политики за еднаквост, годишните програми и буџети како и мониторинг на посветеноста на локалните власти за подобрување на политиките за еднаквост на локално ниво.

Имајќи го предвид горенаведеното, веруваме дека Ви е јасно колку ни значи вашиот придонес. Ве молиме да посветите дел од вашето време, со цел да одговорите на прашалникот, не подоцна од 16 септември 2024 година.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service - Privacy Policy

Does this form look suspicious? Report