Request edit access
Пријава за семинар   „Избор на партнер и свесно родителство“
Овој Семинар го создадов од љубов и длабоко разбирање дека вистинскиот избор на партнер не доаѓа од умот, туку од Душата. Од просторот на тивкото знаење каде што љубовта не е потреба, туку присуство. Каде што мажот и жената не се бараат за да се пополнат, туку се препознаваат за да се создадат.
Секој наш избор е алхемиски процес. Се мешаат светлината и сенката, машкиот фокус и женската мекост, минатото и можноста за нов почеток.
Овој 21-дневен предизвик е покана да се вратиме во својата внатрешна вистина – таму каде што љубовта не боли, туку лечи.
Каде што телото памети, а срцето повторно се отвора за Животот.
Во првите денови ќе ја освестиш својата енергија на избор – како се движиш низ односите, што проектираш, што повикуваш. Потоа, преку практиките, медитациите и дневните афирмации, ќе започнеш да го чистиш просторот за нова свесност. Да ги пуштиш старите образци на зависност, болка и очекување, и да му дадеш дозвола на животот да ти донесе партнер со кој Душата расте, а не се бори.
Свесното родителство започнува многу пред раѓањето на детето.
Започнува со свесниот избор на љубов, со двата архетипа кои одлучуваат да создадат живот во почит, хармонија и истина.
Во тој светол круг љубовта станува учител, а детето – најчистиот одраз на нашата алхемија.
Те поканувам да ги живееш овие 21 дена со отворено срце, без брзање, без очекувања. Само со присутност. Да забележуваш што се менува во тебе, во твоето тело, во твоите соништа и избори.
Сè што ќе се појави – е дел од исцелувањето, а ние само треба да го освестиме и прифатиме.
🔹 Ден 1–7: Избор на Партнерот
Овие денови се посветени на твојата внатрешна алхемија.
Ќе го препознаеш својот внатрешен маж и жена, ќе ослободиш стари обрасци од минати врски и ќе научиш како да создадеш простор за вистински свесен партнер —
оној што резонира со твојата душа, а не со твоите стари рани.
„Партнерот не се бара — тој се појавува кога си подготвена да се видиш себеси.“
🔹 Ден 8–14: Алхемија на Односот
Во овој циклус ќе работиме со енергијата на љубовта, довербата и присуството.
Ќе учиме како да градиме однос што не се базира на зависност, туку на взаемна
поддршка и раст.
Ќе има практики за поврзување, простување и усогласување на срцето и телото.
„Љубовта не е да се најде совршен човек,
туку да се биде свесно присутен со несовршенството.“
🔹 Ден 15–21: Свесно Родителство
Овој дел е посветен на енергетското родителство — дали веќе имаш деца или само ја чувствуваш повиканоста.
Ќе ја разбереш својата улога како канал на Душите што доаѓаат,
ќе работиме со предците, со чувството на вина и должност, и со создавање поле на љубов.
„Децата не се наша сопственост,
тие се Души кои преку нас ја учат љубовта.“
🌿 Семинарот е онлајн и ќе се одржува 2 пати неделно, освен констелациите кога ќе се договори термин со групата. Што ќе добиеш:
• Дневни практики и
медитации
• Енергетски кодови за отворање на љубов и доверба
• Работа со семејни и партнерски шаблони
• Водство кон твојата вистинска вибрација на љубов
• Индивидуална сесија 1 на 1
• Кратка констелација ( енергетски развод, ослободување на очекувања, земање на животна сила).
• Водство и поддршка за време на целиот процес.

✨ Намера:
Да создадеме заедничко патување на 21 ден каде што љубовта, семејството и свесноста стануваат еден жив систем, а ти ќе се поврзеш со својата вистинска енергија на партнерство, создавање и живот.
Цена:

*** За индивидуалнци цената е 4500 денари.
*** Доколку сте пар за второто лице се доплаќа за индивидуална сесија 1 на 1 и констелација на својата тема – 2000ден. Вкупно 6550ден.
• Доколку партнерот смета дека оваа опција не му е потребна цената останува како за Еден.
* Партнер може да биде и пријател или пријателка на кој сметате дека му е потребно вакво нешто – поканете ги и со тоа добијте попуст како за пар.
*** ВО МЕСЕЦ ПОСВЕТЕН НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ ОВОЈ СЕМИНАР Е БЕСПЛАТЕН, САМО ДОКОЛКУ САКААТ КОНСТЕЛАЦИЈА НА СВОЈА ТЕМА, КОНСТЕЛАЦИЈАТА СЕ ДОПЛАЌА, работилниците, медитациите, исцелувањата, консултација и сесија еден на еден (онлајн) е Бесплатно.

По регистрацијата ќе добиете линк за пристап до Семинарот како и термини и детален план.
За дополнителни информации пишете ми порака или на 078906137.

Се гледаме.
Со љубов,
Јасмина Арсова
Boswellia Alchemy of Life
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и Презиме *
Еmail адреса *
контакт телефон *
Доколку чувствуваш потреба можеш да ја напишеш својата намера и очекување од овој Семинар ( секако ќе остане помеѓу нас и е строго доверлива информација)

*
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service - Privacy Policy

Does this form look suspicious? Report