Richiedi accesso in modifica
ПРИЈАВА за учество во Работилница ЛЕКЦИИ ПО ПОЕЗИЈА, под водство на Никола Гелевски

Поезијата е откривање на скриените врски помеѓу нештата кои, низ така откриените врски, ја покажуваат својата суштина, но и суштината на светот.

Влада Урошевиќ

Оваа работилница можеме да ја поделиме во три дела: нашето разбирање на поезијата; анализа на неколку песни; пишување поезија.

Во првиот дел ќе разговараме за посебното место што поезијата го има меѓу уметностите и ќе понудиме аргументи зошто поезијата се смета за базична или првична уметничка форма и зошто во поезијата „актуелноста и вонвременоста, навидум толку контрадикторни, се јавуваат во некои мигови испреплетени до неразделност“.

Во вториот дел ќе ги анализираме структурните и квалитативните аспекти на неколку песни, главно од македонското поетско творештво. Ќе се обидеме да понудиме барем неколку ориентири за попрецизно просудување и оценување на поезијата, но и ќе укажеме на често речиси невозможното класификување или дешифрирање на некои поетски дела: „Поетот ја дешифрира суштината на нештата, но, за да ја изрази, мора одново, на инаков начин, да ја зашифрира“.

Третиот дел на работилницата ќе биде мал час по креативно пишување. Ќе се обидеме заеднички, низ групи и низ игра, да создадеме неколку песни.

Како поттик за учество на работилницата пренесуваме „неколку лесно испарливи дефиниции“ за тоа што е поезијата, од Влада Урошевиќ:

  • Поезијата е искристализирана форма на нејасното.
  • Поезијата е чин на маѓосување: како некогашниот врач, и поетот фрла чинки натерувајќи го светот да му служи, то ест – да ја открие својата чудесност.
  • Проповедникот сака да ги убеди верниците дека зад непроѕирноста на секојдневните настани стои јасноста на божествената порака; поетот сака да им укаже на читателите дека зад јасноста на божествената порака лежи една непроѕирност од повисок ред.
  • Поетот има мигови кога е мошне блиску до искажувањето на суштината на светот, но поради лесната испарливост на таа суштина, најголем дел од неа исчезнува пред да биде искажан со зборови.
  • Поетот е како човек кој, затворен во темна темница, вели: „Има светлина на крајот од тунелот“. За жал, тој не се наоѓа во тунел, туку во подземна зандана. Но, му се чини, сепак, дека од некаде оддалеку како да се слуша свиреж на возот што пристигнува.


Accedi a Google per salvare i risultati raggiunti. Scopri di più
Име и презиме, место на живеење *
 Email *
Телефон за контакт *
Датум и година на раѓање *
GG
/
MM
/
AAAA
Дали повеќе сакаш да пишуваш или читаш поезија? *
Што ново очекуваш да научиш за време на оваа работилница? *
Доколку сакаш да ни кажеш нешто повеќе за себе, сподели ни го тука :)
Invia
Cancella modulo
Non inviare mai le password tramite Moduli Google.
Questi contenuti non sono creati né avallati da Google. Segnala abuso - Termini di servizio - Norme sulla privacy