https://infoproject.biz

Established 1989

Инфопројект

Ул. Козле 93/16, Скопје

+389 2 3090 233

support@infoproject.biz


Ценовник и услови за поддршка на корисници

СОДРЖИНА

Ценовник и услови за поддршка на корисници

Обука

Цена

Експертска помош

Поддршка

Стандардна email поддршка

Цена на стандардна email поддршка

Телефонска поддршка

Цена на телефонска поддршка

Поддршка со далечински пристап

Цени за поддршка со далечински пристап

Поддршка на лице место

Цена на поддршка на лице место

Вонредна поддршка

Цена на вонредна поддршка


Инфопроект за своите корисници обезбедува поддршка за користење на софтверот во неколку нивоа:

Напомена: Кај поддршките кои се иницирани од страна на Инфопроект или каде што се решава проблем настанат поради неисправно функционирање на апликацијата, цената на извршената поддршка, во било кој облик, не се наплаќа.

Обука

Базична обука за користење на системот се одржува во компјутеризирана училница и се однесува на основно користење на апликативниот софтвер.

За да се изведува, потребно е корисникот да има основни познавања од употреба на компјутер, модерни оперативни системи (Windows или Linux), Веб-прелистувач (Firefox) и датотечен систем (Windows Explorer или Nautilus).

Траењето на обуката е 3 часа, со паузи од 10 минути.

Минимален број на корисници за обука по стандардна цена е 3.

Обуката се врши во групи од максимум 10 корисници, а термините зависат од бројот на собрани корисници.

Доколку не е исполнет бројот на корисници, обуката се наплаќа дополнително.

Доколку ви е потребен друг вид на обука, ве молиме да се обратите за цена и услови.

Цена

Стандардната цена на базичната обука чини 2,450 ден. по корисник во нето износ (ДДВ е 18%).

Цена за обука на 2 или 1 корисник е 7,350 ден. вкупно, во нето износ.

Експертска помош

Цената на експертска помош во проекти е зависна од нивото на експертот и неговиот ангажман. Експертската помош се наплаќа по час, и најмал период на ангажман е еден час. Првите 15 минути се сметаат за полн час.

Цените се дадени во евра, без пресметан ДДВ 18%.

Вид на експерт

Цена со одржување  (€)

Цена без одржување (€)

Проект менаџер

70

115

Senior експерт

80

120

Програмер

50

75

Инжинер за контрола на квалитет (QA)

50

75

Систем инжинер

70

115

Систем архитект

90

135

Време на пат

20

30

Поддршка

Стандардна email поддршка

Стандардната поддршка се одвива исклучиво по пат на емаил комуникација.

Корисниците се задолжени барањата за поддршка да ги поднесуваат исклучиво преку вградениот систем за испраќање на барање, достапен во секоја програма од апликацијата.

Во исклучителни случаи е дозволено користење на стандарден емаил, на оваа адреса: support@infoproject.biz.

Времето на одговор на барањето, доколку е доставено во работен ден, помеѓу 9 и 13 часот е загарантирано во истиот ден. На сите барања вон овој период ќе бидат одговорено следниот работен ден.

Одговорите на барањата ќе бидат доставувани исклучиво на email адресата на корисникот кој го испратил барањето, и на дополнителни адреси доколку е така специфицирано во полето Cc од email пораката.

Цена на стандардна email поддршка

Поддршката од овој вид е бесплатна и им следува на сите корисници, без оглед на нивото на пакетот или модулите на апликацијата кои ги користат.

Телефонска поддршка

Доколку во договорот зa купопродажба или изнајмување вклучува можност за телефонска поддршка, таа се одвива на следниов начин:

Јавувањата за поддршка можат да се прават исклучиво во работен ден, во период од 10 до 14 часот.

Телефон за јавување за поддршка е +389 (0) 230-90-233 (на овој број е вклучена автоматизирана опрема за бележење на траењето и другите податоци од повиците).

Нема да биде одговорено на телефонски повици на мобилен телефон или некој друг број.

Поддршката може да се побара и на специјализираниот број 0590 (за бројот ќе бидете додатно информирани).

Цена на телефонска поддршка

Цената на телефонската поддршка, по повик, изнесува 300 денари во нето износ (ДДВ е 18%).

Фактурирањето на извршената поддршка се врши месечно со рок на плаќање од 7 дена.

Доколку претходната фактура не е платена, не е можно да се добие поддршка во следниот период.

Доколку телефонската поддршка се изведува преку специјализиран број (со префикс 0590), цената на поддршката ќе биде вклучена во месечната телефонска сметка на корисникот, и за тоа нема да биде издадена фактура од страна на Инфопроект.

Овој вид на поддршка мора да биде вклучен во договорот за поддршка. Во спротивно цената се зголемува за 50% од номиналната и изнесува 450 денари по пристап, плус ДДВ.

Поддршка со далечински пристап

Поддршката со далечински пристап до работната станица на клиентот се врши со погоден софтвер, исклучиво по барање и дозвола на клиентот.

Цени за поддршка со далечински пристап

Цената на овој вид на поддршка се наплаќа по пристап, и изнесува 400 денари во нето износ (ДДВ е 18%).

Овој вид на поддршка мора да биде вклучен во договорот за поддршка. Во спротивно цената се зголемува за 50% од номиналната и изнесува 600 денари по пристап, плус ДДВ.

Фактурирањето на извршената поддршка се врши месечно, со рок на плаќање од 7 дена.

Доколку претходната фактура не е платена, не е можно да се добие поддршка во следниот период.

Напомена: Доколку спојувањето со далечински пристап е иницирано и побарано од страна на Инфопроект, тоа нема да биде наплатено.

Поддршка на лице место

Поддршката се одвива на лице место кај корисникот, со претходен договор за термин. Поддршката се врши исклучиво во работни денови, во време помеѓу 9 и 15 часот.

Цена на поддршка на лице место

Цената на овој вид на поддршка се одредува според ценовникот по час за одреден специјалист (види погоре).

Напомена: Доколку корисникот има посебно склучени услови за овој вид на поддршка, цената ќе се наплаќа според нив.

Вонредна поддршка

Под вонредна поддршка се смета видот на поддршка кој се изведува во неработен ден, или во работен ден, во време после 16 часот.

Цена на вонредна поддршка

Цената на овој вид на поддршка е според ценовникот за одреден специјалист, зголемено за 50%.