АНАЛИЗА НА ПРИЈАВИТЕ ДО МВР ПОВРЗАНИ СО ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017 ГОДИНА
Извор на податоци: Министерство за внатрешни работи на Република Македонија
Дневни билтени: http://www.mvr.gov.mk/dnevni-bilteni
Период: 25 септември - 30 октомври 2017 година
Содржина: 1. Оштетување на изборни штабови [3]
2. Злоупотереба на рекламен материјал [5]
3. Физичко и вербално насилство [6]
4. Пријави против углед на кандидат/партија [9]
5. Поткуп на гласови/нарушување на гласачко право [10]
6. Прекршување на предизборен молк [12]
Анализа:
Во периодот на следење на дневниот билтен од МВР, биле регистрирани 55 пријави за изборни нерегуларности (Табела 1). Најбројни се пријавите во категоријата Оштетување на изборни штабови, по што следат пријавите за Физичко и вербално насилство. Најмалку пријави се регистрирани во категоријата Пријави против углед на кандидат или партија.
Табела 1: Број на пријави по категорија
Оштетување на изборни штабови
| Злоупотреба на рекламен материјал | Физичко и вербално насилство | Пријави против углед на кандидат/ партија | Поткуп на гласови/ нарушување на гласачко право | Прекршување на предизборен молк | Вкупно |
17 | 8 | 13 | 3 | 9 | 5 | 55 |
Половина од пријавите (49,1%) се направени во неделата од 9 до 15 октомври, односно неделата пред првиот круг од локалните избори. Најмалку пријави (3,6%) се забележани во последователната недела, односно од 16 до 22 октомври 2017 година (Табела 2).
Табела 2: Број на пријави по недели во периодот на следење
25.09-01.10 | 02.10-08.10 | 09.10-15.10 | 16.10-22.10 | 23.10-29.10 | Вкупно |
9 | 8 | 27 | 2 | 9 | 55 |
Во предизборниот молк, односно денот пред првиот круг од изборите се регистрирани најголем дел од пријавите - 11 (20%), а по него, денот пред вториот круг од изборите со 6 пријави (10,9%).
Табела 3: Денови во кои имало најголем број на пријави
Датум | Број на пријави |
14.10 | 11 |
28.10 | 6 |
13.10 | 5 |
09.10 | 4 |
27.09 / 01.10 | 3 |
Пријавите евидентирани во билтенот на МВР се од 20 општини и општините под Град Скопје (Табела 4). Најбројни се оние од Скопскиот регион, вкупно 28 (50,9%) од пријавите. Пелагонискиот регион е следен по број на пријави кој брои вкупно 7 (12,7%).
Табела 4: Број на пријави по општини
Општина | Број на пријави |
Скопје (сите скопски општини) | 26 |
Битола | 5 |
Кавадарци | 3 |
Кичево | 2 |
Пробиштип | 2 |
Струмица | 2 |
Останати општини (со по една пријава) | 15 |
Вкупно општини | 20 + Град Скопје |

http://www.mojotizbor.mk
http://www.facebook.com/mojotizbor
http://twitter.com/mojotizbor
- ОШТЕТУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ШТАБОВИ
- На 25.09.2017 година околу 09.25 часот во Единица за информации и команда Скопје, С.П. пријавил дека на ул. „Иван Козаров“ непознат сторител, најверојатно со тврд предмет, ги искршил изложните стакла на Изборниот штаб на една политичка партија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
- На 27.09.2017 година во 10,00 часот во СВР-Скопје, В.К. пријавила дека на 26/27.09.2017 година во времето меѓу 22,00 и 10,00 часот на бул. „Кочо Рацин“ во канцеларијата на Демократската партија на Србите во Република Македонија, непознат сторител, откако претходно ги искршил катанците со кои била обезбедена влезната врата, влегол внатре и претурал низ целата канцеларија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- На 27.09.2017 година во 08,30 часот во ПС-Чаир било пријавено дека на 26/27.09.2017 година во времето од 20,00 до 07,30 часот во Скопје на ул.“Бутелска 5“ од страна на непознати сторители бил оштетен штаб на политичка партија-СДСМ, односно искршени биле две стакла (едно од влезна врата и едно од прозорец), еден рефлектор и искинати биле неколку плакати. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 29.09.2017 година во 11,00 часот во ПС-Кавадарци, С.А.(32) пријавил дека на 28/29.09.2017 година во Кавадарци на ул.„Моша Пијаде“, поточно во штабот на Политичката партија „ВМРО-ДПМНЕ“, од страна на непознато лице со камен било искршено изложното стакло. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- На 01.10.2017 година во СВР-Скопје, било пријавено дека на 30.09/01.10.2017 година во времето од 23,00 до 11,00 часот на ул.„Тале Христов“ од страна на непознати лица извршено било оштетување на партиски штаб на политичката партија “БЕСА“, при што со тврд предмет биле скршени две изложни стакла и искинати шест плакати. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 01.10.2017 во 21,15 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул.„Црвени Стени“ било скршено стакло на влезната врата од месна канцеларија на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
- Во периодот од 01.10 до 02.10.2017 година, во с.Инџиково, скопско, непознат сторител го скршил стаклото од влезната врата и стаклото од излогот од штабот на ПП „СДСМ“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 03.10.2017 година околу 15.25 часот, Н.Р. пријавил дека на ул. “Тале Христов“ Скопје-Север, од страна на непознат сторител извршено е оштетување (искршени се две прозорски стакла и стаклена врата) на штабот на политичката партија ДУИ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
- На 04.10.2017 година во 07,15 часот во Полициска станица Неготино, пријавено е оштетување на штаб на ПП „СДСМ“ лоциран во с.Криволак, при што се испишани графити со навредлива содржина. Исто така, околу 09,00 часот е пријавено дека на куќа сопственост на М.Ј.(70) од с.Криволак од страна на непознато лице е испишан и заокружен бројот 13 и натпис „ВМРО“.
- На 08.10.2017 година во 14.45 часот во Единица за информации и команда Скопје, З.И. (57) од Скопје, одговорен на партискиот штаб на политичка партија „Обединети за Македонија“, пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 07.10.2017 до 14.00 часот на 08.10.2017 година на ул.„Живко Фирфов“ во населба Драчево непознат сторител со камен го оштетил стаклото на штабот на политичката партија „Обединети за Македонија“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
- На 09.10.2017 година во времето од 00,00 до 16,00 часот во с.Другово– Кичево, непознат сторител со употреба на тврд предмет искршил две стакла од објектот кој се користи како штаб на политичка партија ВМРО ДПМНЕ. Увид на лице место е извршен и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
- На 10.10.2017 година во 20,15 часот во с.Бардовци – Скопје на ул.12 бр.84, од страна на непознато лице фрлен е тврд предмет кон изборен штаб на ПП-ГРОМ, при што е оштетено едно изложно стакло. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 11.10.2017 година во 10,43 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека на ул. „Жифко Фирфов“ во населбата Драчево, во штабот на политичката партија “Обединети за Македонија“, од страна на непознат сторител било искршено едно излогно стакло. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- На 13.10.2017 година во периодот од 01.50 до 02.15 часот во „Информативен центар“ бр.2 на ул. „Илинденска“ во Кавадарци, простор кој го користи коалицијата предводена од политичката патија ВМРО-ДПМНЕ, непознат сторител искршил стакло од објектот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
- На 13/14.10.2017 година во текот на ноќта во Битола на ул.„Браќа Мигови“, поточно во штаб на политичка партија, од страна на непознат сторител со употреба на тврд предмет скршено е стакло и одземен е телевизор. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
- На 13/14.10.2017 година во времето од 22,00 до 07,00 часот во Скопје на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Трговскиот Центар „Лисиче“, во штаб на политичка партија, од страна на непознат сторител, со употреба на тврд предмет скршено е стакло од влезна врата и изложно стакло. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
- На 14.10.2017 околу 00,55 часот, А.Б. пријавил дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, непознат сторител со бекатон плочка скршил прозорско стакло од штаб на политичка партија.
- ЗЛОУПОТЕРЕБА НА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ
- На 02.10.2017 година во 21.50 часот во Полициско одделение Ранковце, И.Т. (51) од с.Ветуница, кривопаланечко, кандидат за градоначалник на општина Ранковце, пријавил дека на 01.10.2017 година во попладневните часови, додека негови активисти поставувале плакати на автобуската станица во с.Петралица и с.Опила, дошол Р.С. од с.Опила, кандидат за градоначалник, и не им дозволувал да ги поставуваат плакатите. Откако сепак ги поставиле пплакатите, на 02.10.2017 година во вечерните часови И.Т. забележал дека поставените плакати биле искинат
- На 09.10.2017 година во 00.40 часот на бул. „1-ви Мај“ во Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола биле затекнати лицата Н.К. (29), З.И. (28) и И.М. (22), сите од Битола, како со црн спреј прскаат на изборно пано со плакат од кандидатот за градоначалник на политичката партија „СДСМ“. Против нив се поднесени прекршочни пријави по член 79 од Изборниот Законик на Република Македонија.
- На 09.10.2017 година во 13,30 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во Основното училиште “Никола Карев“ во с.Норово ученик од с.Норово делел пропагандни материјали (пенкала и пластични флаери) од политичка партија. Поднесен е записник за примање пријава, а ученикот бил предупреден.
- На 14.10.2017 година во 21.03 часот, Д.К. пријавил дека околу 15,00 часот во с.Петровец, непознато лице кинело плакати на политичка партија.
- На 13.10.2017 година во времето од 01.30 до 02.15 часот од страна на непознато лице е оштетено стаклото од објект, информативен центар на кандитат за градоначалник на Кавадарци. Скршено е предното стакло од објектот-излог на кој имало залепено реклама и пред објектот е расфрлан пропагаден материјал на кандидатот. со што е причинета материјална штета од 5.000 денари.
- На ден 15.10.2017 година во 01.30 часот при обиколка на избирачки места од страна на полициски службеници од СВР Битола на фасада на избирачко место бр.155 во основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во с.Канино е забележано испишување на реден број на политичка партија во два наврати со растителна материја со зелена боја и еднаш со цврст предмет. За настанот еизвестен јавен обвинител и извршен е увид.
- На 28.10.2017 година во 21,50 часот во с.Мислешево, струшко, поточно на неколку места до самиот пат и во близина на раскрсницата за селото, од страна на полициски службеници биле пронајдени расфрлени летоци со содржина за еден кандидат за градоначалник на Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 29.10.2017 година околу 06,40 часот полициски службеник пријавил дека во текот на ноќта на ул. "Алија Авдовиќ" во населба Ченто во Скопје на фасадата на Основно училиште "25-ти мај" имало испишан графит со политичка содржина.
- ФИЗИЧКО И ВЕРБАЛНО НАСИЛСТВО
- На 27.09.2017 година околу 18,40 часот во Кичево на бул. “Ослободување“ А.A.(58) од с.Горно Строгомиште, кичевско, ги пресретнал Д.А.(58) од Кичево, А.А.(40) од с.Србјани, кичевско, и Ш.Д. (54) од с.Грешница, кичевско, и со пиштол почнал да пука кон нив. Притоа, Д.А. се здобил со повреда во пределот на десниот бут, А.А. се здобил со повреда во пределот на слабината, по што на истите им била укажана медицинска помош во Медицинскиот центар во Кичево, а потоа, поради сериозноста на повредите, двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување. Напаѓачот А.А. е приведен во ПС-Кичево. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- На 30.09.2017 година околу 15,30 часот во Крива Паланка на ул.„Единство“, В.С. кој бил во придружба со малолетникот и со Т.А. му пришол на О.С.(24) од Крива Паланка, кој се движел по улицата со возило “Опел Зафира“ сопственост на М.М. од с. Градец-Крива Паланка, (возилото било целосно брендирано со обележја на политичка партија и на кандидат за градоначалник на Крива Паланка). Притоа му рекол на О.С. да го изгаси разгласот од возилото со кој се најавувал митинг на политичката партија. По ова 17 годишникот започнал да го удира О.С. со тупаници преку прозорецот, а откако ја отвориле вратата од возилото, Т.А. го фатил оштетениот за вратот и заедно со други лица започнале да го удираат него и неговото возило со што му нанеле телесни повреди.
- На 03.10.2017 година околу 09.30 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита пријавено е дека на ул. “Борис Сарафов“ била опожарена куќа во чиј склоп се наоѓа и бурекџилница, сопственост на Б.М.(59) од Скопје, при што огинот ги зафатил вториот кат од куќата и кровната конструкција. Пожарот е изгаснат околу 11.00 часот, а повредени лица нема. Увид е извршен од страна на екипа од СВР-Скопје.
- На 05.10.2017 година околу 19,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 19,00 часот во ПС-Центар дошол Б.Б. (36) од с. Љубин-скопско, (кандидат за градоначалник на општина Сарај од политичката партија“Беса“) и пријавил дека во текот на денот добил СМС порака на неговиот телефон со заканувачка содржина. Бидејќи Б.Б. требало да одржи ненајавен митинг во с.Сарај на м.в. „Дервен“ со почеток во 20,00 часот, и му се брзало рекол дека се откажува од пријавата. Во 19,50 часот Б.Б. се јавил на телефонската линија 192 и го пријавил настанот (митингот), барајќи да биде обезбедуван од страна на полициски службеници. Митингот бил одржан и завршен без проблеми, а на Б.Б телефонски му е укажано да дојде во Полициското одделение Сарај и да го пријави настанот околу телефонската закана.
- На 05.10.2017 година од 20,30 до 22,15 часот во Скопје на плоштадот „Јадран Сквер“, во организација на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ“, се одржал јавен собир. За време на одржување на собирот, во 21,55 часот во ПС-Центар бил приведен Р.Р.(36) од Скопје бидејќи истиот прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија “ВМРО ДПМНЕ“. Во 22,15 часот во ПС-Центар, Д.Г.(29) од с.Орешани-скопско кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице (испрскан од спреј-солзавец) од страна на Р.Р. Против Р.Р ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра.
- На 08.10.2017 година во 22,20 часот во с.Арачиново, скопско, А.И. пријавил дека додека Ф.З. (22) од с.Арачиново и други лица активисти на политичката партија „БЕСА“лепеле плакати, во нивна близина застанало патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало непознато лице кое го отворило прозорецот и од огнено оружје испукало еден куршум во воздух, по што заминало во непознат правец. По дваесетина минути, пријавителот и останатите активисти се вратиле на местото на настанот и успеале да најдат една чаура, која ја однеле во Полициското одделение Арачиново. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
- На 10.10.2017 година во 21,00 часот во Скопје на ул. „Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари, на предизборниот митинг на ПП-ВМРО ДПМНЕ, М.К.(17) движејки се низ масата се обидел да се качи на ѕид за да има подобар поглед, при што турнал друго лице со кое настанала расправија, по што и бил физички нападнат од неколку лица кои биле заедно со лицето со кое се расправал. Во Градска општа болница констатирани му се телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 12.10.2017 година во 20.50 часот во с.Пласница, при одржување на јавен собир во организација на политичка партија ДУИ, односно во формирана колона од возила која се движела од с.Лисичани низ с.Преглово кон с.Пласница, кога пристигнале во близина на штабот на ДУИ, кој се наоѓа на сред село, од колоната на возила во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје најверојатно пиштол. Истиот ден, околу 20.00 часот во с.Лисичани, додека се одржувал јавен собир на кој говорел градоначалникот на с.Пласница, непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- На 12.10.2017 година од 18.30 до 19.40 часот во с.Злетово во организација на политичката партија ВМРО ДПМНЕ се одржал јавен собир. За време на одржување на собирот, во 19.45 часот С.Н.(71) од с.Злетово го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Тој бил приведен во Полициската станица Пробиштип и му била поднесена прекршочна пријава.
- На 14.10.2017 година во 13:50 часот лицето С.С. член на избирачки одбор, заедно со претседателот Б.Т. и уште еден член, откако завршиле со гласање на стари и изнемоштени лица ја донеле кутијата со гласачки ливчиња во основното училиште „Кирил и Методиј“ на избирачко место 2546 во с.Стајковци, со цел да се затвори гласањето. Во тој момент дошол Т.Б.-носител на советничка листа во Гази Баба и го повикал С.С. во дворот каде започнал вербално да му се заканува со погрдни зборови, по што се оддалечил во непознат правец.
- На 15.10.2017 година во 22.25 часот во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ пријавено е дека патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, застанало пред Штабот на „ГРОМ“ каде имало собрано околу 100 граѓани, и од возилото излегол С.Р., кој извадил нож и лисици, по што им упатувал закани на присутните граѓани, а потоа заминал со возилото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
- На 17.10.2017 година во 21:40 часот во СВР Скопје, од страна на лицето К.Д. (43) било пријавено дека околу 20:00 часот пред штаб на политичка партија лоциран на ул. „Индира Ганди“ лицето А.С. (33) од Скопје на висок тон упатил погрдни зборови кон него и кон лицето Г.Д. (42). Веднаш по пријавувањето на настанот на местото излегле полициски службеници и притоа било утврдено дека нема елементи на кривично дело, туку дека се работи за нарушување на јавниот ред и мир. Во врска со настанот, од страна на полициски службеници од Полициската станица Чаир бил земен записник за примање пријава за нарушен јавен ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување по член 4 од Законот против прекршоците на јавниот ред и мир.
- Во врска со собирот на една политичка партија на 24.10.2017 во с. Облешево, во 17,30 часот во ПС Кочани телефонски било пријавено дека во с.Облешево, во пицерија, Т.Ј. (44) од с.Облешево во разговор со присутни гости рекол дека ќе го спречи најавениот митинг на политичката партија во с.Облешево, заканувајќи се дека ќе фрли бомба, и на тој начин ќе го спречи говорот на претседателот на таа партија и на кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево. Т.Ј. бил повикан во ПС-Кочани на разговор и по извршениот разговор во 19,10 часот си заминал.
- ПРИЈАВИ ПРОТИВ УГЛЕД НА КАНДИДАТ/ПАРТИЈА
- На 09.10.2017 година околу 14.00 часот во ПО-Мирковци, Г.Ч.(40) од с.Кучевиште–Скопје, независен кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево, пријавил дека во текот на денот кај раскрсница Чардак - с.Мирковци забележал повеќе фотокопии од ливчиња расфрлани на улицата на кои пишувало “Потврда за казнена евиденција“ со негово име и презиме. Истиот појаснил дека таа потврда ја има извадено кога ја поднесувал кандидатурата и единствено ја има доставено кај претседателот на општинската комисија на Чучер-Сандево. Од извршената проверка на пошироката околнина, фотокопии од потврдите биле најдени и на автобуските постојки во с.Кучевиште, с.Бразда, с.Мирковци, с.Сандево и с.Бањани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 14.10.2017 година во 13,00 часот М.М.(31) од Струмица, вработена во Општина Струмица пријавила дека на 14.10.2017 околу 03,00 часот на ул. Мануш Турновски , Маршал Тито, Илинденска и Ленинова во с.Ново Село вршено е делење на пропагандни изборни флаери со негативна содржина за еден од кандидатите за градоначалник на с. Ново Село, од страна наактивист на политичка партија.
- На 20.10.2017 година во 11.00 часот во Полициската станица Дебар, претседателот и четири членови на Општинската изборна комисија на општина Центар Жупа пријавиле кривично дело „неовластено снимање“. Имено, на Фејсбук профилот на лицето Р.И. биле објавени фотографии од денот на примањето на изборниот материјал на Општинската изборна комисија Центар Жупа од избирачките одбори и имало објавен текст со невистинита содржина со цел да се наруши угледот на Општинската изборна комисија. Во полициската станица Дебар со лицата бил извршен разговор и бил поднесен службен материјал.
- ПОТКУП НА ГЛАСОВИ/ НАРУШУВАЊЕ НА ГЛАСАЧКО ПРАВО
- На 13.10.2017 М.С. од село Корешница-Демир Капија во Полициската станица Неготино пријавил дека С.Б. (43) од с.Корешница му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија. Во врска со пријавениот настан, во Полициска станица Неготино заради прибирање на информации се повикани неколку лица и за истото се известени јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Велес, кои дале насоки по комплетирање на случајот да се поднесе соодветен поднесок до Основно јавно обвинителство Велес со целокупната документација.
- На 14.10.2017 година во 17,05 часот, Б.Х. пријавил дека во „Здружението на глуви“, кое е лоцирано кај „Арапска куќа“, дошле членови од една политичка партија и на членовите од здружението им вршеле притисок дека доколку не гласаат за нивната партија, ќе им ги скратат паричните средства кои се префрлаат на сметката на здружението, а исто така им вршеле други притисоци. Меѓу присутните лица била и Ш.Ш., која е член на здружението на глуви лица.
- На 14.10.2017 година Б.А.(46) од с.Сушево пријави дека се сомнева дека лице од с.Добрашинци попладнето истиот ден извршило поткуп на гласачи односно на две лица од с. Сушево. Како доказ во прилог на пријавата приложени се две фотографии во електронска форма. Извршен е разговор со наведените лица кои потврдиле дека И.Ц. од с.Добрашинци со бело комбе им донел картонска кутија со прехрамбени продукти и вреќа брашно од 25 килограми.
- На 23.10.2017 година во Полициската станица Штип, Е.Т. пријавила дека на 22.10.2017 година на телефон и се јавило лицето Ј.С. од Штип и и рекол дека нивното семејство во с.Селце треба да гласа за кандидатот за градоначалник на Штип од неговата политичка партија. За настанот бил известен Јавен обвинител.
- На 28.10.2017 околу 09,00 часот пријавено е дека во село Градец во семејната куќа на Ј.Ш. дошло до злоупотреба на избирачко право на тој начин што откако два члена од Општинска изборна комисија Врапчиште дошле во наведената куќа со цел изнемоштеното лице Ѓ.Ш., да оствари право на глас и двајцата и зеле отисоци од прстот во регистарот на гласачи, а едниот од нив заокружил реден број на една политичка партија спротивно на волјата на гласачот. Од страна на нејзината снаа било побарано од членовите на изборната комисија да и се даде друго ливче на нејзината свекрва со цел сама да си го оствари правото на глас, на што истите и кажале дека нејзиното гласачко ливче ќе го направат неважечко и не и дале друго ливче односно и го оневозможиле правото да гласа. При тоа гласачко ливче го ставиле во плико и си заминале, иако од пријавителката им било укажано дека ќе бидат пријавени во полиција. Пријавителката посочила дека двете лица се од с.Градец. За време на целиот настан во дневната соба била и ќерката на пријавителката која изјавила дека не видела ништо. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
- На 28.10.2017 година во 12,17 часот во Полициска станица Кисела Вода се јавил претседателот на Општинската изборна комисија Кисела Вода и пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот на улица „Јабланица“ кај лице кое е старо и изнемоштено и затоа гласало во својот дом во присуство на Избирачка комисија во состав од претседател и тројца членови, откако лицето гласало, еден член на комисијата го сликал неговото гласачко ливче.
- На 28.10.2017 Т.К.(32) од Богданци, пријави повреда на избирачко право на гласачкото место број 0376/1 во Богданци. При гласање на лицето М.Џ.(84) од Богданци која била пријавена за гласање како болно лице, изјавила дека не знаела кој ја пријавил за гласање како болно лице.
- На 28.10.2017 година во 13,15 часот претседател на Избирачки одбор на Избирачко место број 2743, пријави дека при разнесување на гласачките матријали на гласачко место лоцирано во Основно училиште "Невена Ѓорѓиева Дуња" од страна на претставник на политичка партија сликан е кочан со гласачки ливчиња (горна корица на кочан со број на гласачко место и сериски број на прво и последно гласачко ливче) со мобилен телефон.
- На 28.10.2017 година во 14,20 часот член на Општинска избирачка комисија Кисела Вода, пријави дека при разнесување на гласачки материјали на гласачко место број 2746 лоцирано во Месна заедница "11-ти Октомври" од страна на претседател на Избирачкиот одбор сликан е кочан со гласачки ливчиња со број на избирачко место.
- ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРЕН МОЛК
- На 14.10.2017 година во 15,00 часот Д.К.(38) пријавил дека околу 12,30 часот додека се наоѓал во с.Огњанци, го затекнал Б.С.(34) од с.Огњанци, како поставува рекламен материјал (плакати) од политичка партија на бандера пред неговата куќа по што Д.К. изреволтиран од настанот бидејќи е предизборен молк, случајот го пријавил на 192. Подоцна Б.С. е пронајден при што е извршен разговор со него, во кој го потврдил настанот.
- На 14.10.2017 година доставена е писмена пријава дека С.П. од с.Стајковци извршил прекршување на изборниот молк со делење на флаери со навредлива содржина против еден од кандидатите за градоначалник на Општина Гази Баба.
- На 14.10.2017 година во 14,50 часот во Полициска станица Пробиштип Т.Т.(46) пријавил дека од страна на еден од кандидатите за градоначалник за време на предизборниот молк воедна конфекција бил оставен пропаганден материјал кој потоа бил делен на вработените.
- На 14.10.2017 година во 21.00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола Г.А.(24) пријавил дека на 14.10.2017 година во 20.00 часот во неговиот дом во с. Мусинци Б.Р. од с. Могила му дал 1000 денари со намера да го придобие како да го врши избирачкото право, односно како да гласа за кандидат за градоначалник. Од страна на полициски службеник лицата се повикани, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.
- На 14.10.2017 година во 13,55 часот во Полициско одделение Новаци Ј.С.(54) од с.Новаци, шеф на изборен штеб пријави дека добиле сознанија за с.Далбеговци дека има прекршувања на изборниот молк и од страна на непознати лица со градежна механизација се извршувало тампонирање на улици низ селото. На лице место е излезено од полициски службеници и е констатирано дека од страна на фирма „Стентон градба“ се извршуваат градежни работи тампонирање на улица во селото при што се затекнати повеќе работници. Извршен е разговор со шефот на групата градежен техничар Т.В.(61) од Битола, при што истиот изјавил дека од страна на неговите претпоставени од „Стентон градба“ добил налог за продолжување на градежните работи во с.Далбеговци. Во консултација со Секторот за внатрешни работи Битола и по инструкции на јавен обвинител работните активности биле прекинати и на одговорниот му беше укажано да не продолжуваат со работа. Увид извршен од увидна група од СВР Битола.